Audi RS3 Sportback моментално го завзема врвот во понудата на A3 и ќе биде таму се додека не биде претставен новиот модел на MQB платформата.
Сепак, уметникот Theophilus Chin отиде неколку чекори понапред и презентираше можен изглед со некои детали земени од A1 Quattro и RS Q3 Concept. Оваа концептна скица располага со мрежеста решетка и отвори за воздух кои во голема мера потсетуваат на RS моделите. Боди китот се состои од пошироки лакови на тркалата, странични прагови и заден браник со интегриран дифузер и две големи кружни издувни цевки.
Под хаубата, Audi RS3 се зборува дека ќе го користи истиот пет-цилиндричен мотор се наоѓа во сегашниот RS3 Sportback, но овој пат засилен на 350 коњски сили.
Нема потврдени планови за следна генерација на RS3 и ако се земе во предвид дека претходниот модел беше лансиран цели осум години по појавувањето на А3, би можеле да чекаме да се појават некаде при крајот на оваа декада.