Утринава ви нудиме галерија во која го претставуваме Ferrari 458 Spider, но во ново руво – by Novitec Rosso!
Можеби еден од најатрактивните, најпосакуваните автомобили на оваа планета – 458 Spider, беше мета на тјунерската куќа Novitec Rosso.
458 Spider доби целосно нов боди кит, почнувајќи од предниот спојлер, новите отвори за воздух, страничните прагови па се до задниот дел и новиот браник заедно со задниот спојлер. Нормално, да не ги заборавиме и бандажите во две бои – црна и жолта. Како што и заслужува овој автомобил, целиот боди пакет е од карбонски влакна. Бандажите се во две бои и секако придонесуваат во одличниот изглед на 458 Spider. Внатрешноста исто така доби свои детали од карбон!
Под хаубата модификациите се сведени на минимум. Ова Ferrari освен нов издувен систем доби и репрограмирање на процесорот со што се добиваат дополнителни 39 КС. Така 4.5 литарскиот V8 мотор сега нуди 600 КС и 569 Nm вртежен момент.
Но, да не должиме многу, уживајте во фотографиите!