Maserati подготвува конкурент на Porsche 911 Turbo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maserati подготвува конкурент на Porsche 911 Turbo

Maserati има амбициозни планови да ги зголеми својата годишна продажба на 50,000 примероци, па сега почнуваат да се појавуваат гласините за производот кој би го овозможил тоа.

Според последните податоци, извршниот директор на Maserati – Harald Wester – откри дека компанијата размислува за нов автомобил – купе со средишно поставен мотор кој би започнал со продажба во 2015. Иако податоците се ограничени, моделот би можел да се вика GranSport и да биде базиран на Alfa Romeo 4C.

Како таков, автомобилот најверојатно би располагал со карбонска или алуминиумска шасија со цел да ја задржи планираната тежина на помалку од 1200 kg. Би бил придвижуван од 4.7-литарски V8 мотор усогласен со менувач со двојна спојка.

Со цена од 150,000 евра, овој спортист би бил позициониран под Ferrari 458 Italia, а Maserati би правел по 1500-2000 единици годишно.

Иако Maserati GranSport изгледа изводлив и би можел да биде готов во 2015, Harald Wester истакна дека целиот проект моментално е само предлог кој сеуште нема добиено зелено светло од Fiat групацијата. Но доколку овој спортски автомобил биде одобрен, тоа ќе биде одличен додаток на гамата на Maserati.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.