MINI Zero Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MINI Zero Concept

Излегоа скици за новиот, лесен, градски MINI автомобил, наследникот на класичниот MINI-Minor.

Шансите за помал MINI градски автомобил се намалија кога главните на компанијата ја откажаа сериската верзија на Rocketman концептот. Овој неочекуван потег беше предизвикан од тешкотии во управувањето, стабилноста и однесувањето при судир кои би резултирале со многу високи развојни трошоци.

Меѓутоа, лесно е да се претпостави дека палетата на MINI еден ден ќе биде проширена со силна можност за нов најмал модел што ќе добие зелено светло, па тука е шпекулативната скица за да ги насладите очите. Направен е од Sonny Lim, поранешен Сениор дизајнер во BMWDesignworksUSA и располага со димензии помеѓу откажаниот Rocketman Concept и MINI One.

Lim го опишува MINI Zero Concept како духовен наследник на класичниот Mini. Располага со едноставен дизајн со неколку дизајнерски линии и интересни детали од хром, a се планира да тежи само 840 килограми.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.