Веќе добро ги знаеме германците од ABT, и знаеме дека тие редовно си „играат“ со моделите на Volkswagen – а сега ѝ дојде редот на новата Буба!
Покрај тоа што се позанимавале со екстериерот, Германците му посветиле внимание и на моторот, па добро познатиот дволитарски турбо-бензински мотор сега испорачува дополнителни 40 коњски сили за вкупно 240, а замислете – овие 40 коњски сили се всушност целата сила која ја имаше Буба во далечната 1965-та година!
Но најголемите измени ќе ги видите на надворешноста. Тука се големите тркала, кои можете да ги добиете во димензии од 18 па се до 20 инчи, во комбинација со соодветни спортски гуми. Спортскиот боди кит ја освежува новата Буба и му дава спортски изглед на автомобилот. Праговите, спојлерите и новиот спортски издувен систем навистина си го прават своето.
Но покрај сите работи кои ја прават Beetle да биде побрза, тука е и ABT пакетот за кочниците, кои ќе ѝ помогнат и побрзо да застане, а и новиот пакет амортизери ќе ви го обезбеди одличното држење на патот, но и максималното спортско чувство.
Нам ни се допаѓа!