Повторно ви претставуваме еден интересен проект на SR Auto Group, овој пат во главна улога е Fisker Karma!
Веќе зборувавме за “Shadow Walker”, односно BMW проектот на SR, сега имаме уште еден интересен проект со интересно име – “White King”.
Како што ни кажува и самото име, Fisker Karma има бела боја. Најголемиот детал се всушност огромните 22-инчни бандажи, кои го трансформираат хибридниот седан во еден супер спортски автомобил.
“White King” има 2.0 литарски мотор со 260 КС, а тука се наоѓаат и двата електромотори на задните тркала. Така Fisker Karma доаѓа до импресивна бројка од 403 КС и 1,300 Nm вртежен момент. Возачот во зависност од своето расположение може да одбере помеѓу “Stealth mode”, односно комфорно и економично возење и “Sport mode”.