Новиот Hyundai i30 – Best Value For Money според Auto Zeitung – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Hyundai i30 – Best Value For Money според Auto Zeitung

Според реномираниот Auto Zeitung, Hyundai i30 ја заслужи наградата за најдобар однос вложено-добиено!

Новата генерација на i30 се најде во споредбен тест со своите најлути конкуренти – односно Volkswagen Golf, Mazda 3, Ford Focus и Peugeot 308. Според искусните новинари од Германија, Hyundai го заслужи признанието за Best Value for Money. Интересна споредба, која ветува многу за Корејскиот компакт.

Но пред да излетуваме со заклучоци, мораме да нагласиме дека една предност на Hyundai секогаш била (значително) пониската цена од конкуренцијата, додека со новата генерација на i30 можеби и нема да биде така. Во Германија цената на тестниот i30, опремен со 1.6-литарски CRDi мотор изнесува 21.500 евра!

Во секој случај, со нетрпение го чекаме новиот i30 и кај нас, за самите да можеме да се увериме во неговите квалитети!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.