Honda на саемот во Кина претстави два нови концепти. Да го погледнеме одблиску едниот од нив – Concept S!
Овој концепт е всушност хибриден автомобил на кој главен адут му е пространата внатрешност. Concept S треба да симболизира “Smart”, “Stylish и “Surprise”. Иако Concept S е првенствено развиен за пазарот во Кина, сепак треба да претставува почетна точка во дизајнирањето на новата Honda FR-V и е своевидна најава за следната генерација моноволуменски автомобили на Јапонскиот производител.