Вториот од двата претставени концепти на Honda во Пекинг е седанот Concept C!
Concept C претставува седан од средната класа кој исто како и Concept S е главно развиван за Кинескиот пазар. Неговото име се одсликува во зборовите “Cool”, “Challenge” и “China”.
Дизајнот на овој концепт е инспириран од змеј, а неговото сериско производство се очекува за 2013 година. Нас не изненадува неговата агресивност и спортски стил, кој е невообичаен за возила наменети за Кинескиот пазар. Ова е автомобил кој е наменет за Кина, но ние воопшто не би се противеле да го добиеме и тука!