G-Power BMW M3 E46 со 450 КС – сега “стариот” М3 e побрз од “новиот” M3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

G-Power BMW M3 E46 со 450 КС – сега “стариот” М3 e побрз од “новиот” M3

G-Power објави нов тјунинг пакет за BMW M3 (Е46), кој го прави овој модел да биде побрз и од BMW M3 (E92).

За да ги зголеми перформансите, инсталиран е компресор кој му овозможува на 3.2-литарскиот шест цилиндричен мотор да произведува 450 КС и 460 Nm вртежен момент – зголемување од 107 КС и 95 Nm . Ова му овозможува на моделот да забрзува од 0-200 Км/ч за 14.7 секунди и постигнува ограничена максимална брзина од 300 Км/ч.

Покрај засилувањето, купето е опремено со подесувачка coil-over суспензија, спортски издувен систем, сопирачки со високи перформанси и 20-инчни алминиумски бандажи со Michelin Pilot Sport гуми.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.