Eterniti Artemis Супер-SUV промовиран во Пекинг – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Eterniti Artemis Супер-SUV промовиран во Пекинг

Лондонскиот Eterniti Motors, нов луксузен бренд кој планира да им ги замеша сметките на конкурентите Bentley и Aston Martin, го искористи саемот во Пекинг за да го прикаже нивното прво возило во пред производна форма.

Eterniti Artemis е прво Super-SUV возило во светот и треба да започне со производство ова лето. Базирано на каросеријата на Porsche Cayenne, неговата сила ја произведува истиот 4.8-литарски twin-turbo мотор од Cayenne Turbo, но со зголемена моќ. Super-SUV-от произведува 600 КС и 750 Nm вртежен момент, овозможувајќи му да забрза од 0-100 за 4.5 секунди пред да ја достигне максималната брзина од 290 километри на час.

Екстериерот кој е изработен рачно е направен од карбонски влакна. Агресивниот дизајн го даваат големата решетка заедно со двата големи отвори за воздух и додатните отвори за воздух на хаубата. Од страна го има задржано изгледот од Cayenne-от, додека на задниот дел се забележуваат помали светла со LED технологија, аеродинамичен дифузер и две издувни цевки интегрирани во браникот.

Ова е возачки автомобил, па така контролите се ергономично уредени за да ги задоволат желбите и потребите на возачот. На задната клупа има за 100мм повеќе место за нозете и луксузни додатоци како електронски држачи за iPad и ладилник за пијалоци.

Цената на Eterniti ќе почнува од £210,000 за сите маркети освен Кина.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.