Audi на саемот во Пекинг ја претстави својата најнова верзија на plug-in хибридот – A6 L.
Седанот A6 L кој беше претставен во Пекинг, претставува верзија со продолжено меѓуоскино растојание. А6 L e-tron е plug-in хибрид кој го комбинира 2.0 TFSI моторот со 211КС со елетромотор од 95 КС. Со помош на литиум-јонската батерија, само електромоторот може да пројде околу 80 km со брзина околу 60 km/h.
Дизајнот е сличен на нормалната верзија на A6 L, но со неизбежните детали со кои се одликува e-tron. Така предните светла заедно со решетките на браникот се изменети, а А6 L e-tron доби и нови 21-инчни бандажи.
Како што доликува за седан од високата класа, внатре ќе ве пречека еден тон опрема! Иако најверојатно овој модел ќе биде продаван само во Кина, сепак се работи за plug-in хибрид кој во блиска иднина може да биде виден и во други модели на Audi.