Seat Ibiza Cupra Facelift – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Seat Ibiza Cupra Facelift

Seat своето присуство на саемот во Кина ќе го започне со фејслифтот на популарната спортска верзија на Ibiza – Cupra!

Шпанците сеуште го нарекуваат концепт, но реално ова е фејслифт на Ibiza Cupra која ќе почне со продажба веќе наредната година. Всушност оваа Cupra претставува адаптација на освежената Ibiza, која беше претставена во Женева.

Така новата Cupra ги доби LED светлата како и новиот преден дел заедно со неизбежните големи бандажи, додека внатре и нема драстични промени. Што се однесува до моторот, не се очекува промена, па така 1.4 литарскиот мотор со 178 КС и DSG менувачот ќе биде задолжен да ги придвижува предните тркала.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.