По неколкумесечниот тренд на зголемување на малопродажните цени, конечно поефтинија горивата во Македонија!
Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата. Малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.69%.
Според новите цени кои ги најави Регулаторната Комисија за Енергетика, бензините ќе поефтинат за два денари по литар. Еуросупер-95 ќе се продава по цена од 87,00 денари за литар, а Еуросупер-98 по цена од 88,50 денари по литар. Дизелот се намалува за еден денар, и ќе се продава по цена од 72,50 денари по литар.