Денес ви ги претставуваме првите фотографии од Е-Bugster Steedster Concept од Volkswagen, кој треба официјално да биде претставен на саемот во Кина!
Овој концепт всушност претставува “топлес” издание на E-Bugster со кој имавме можност да се запознаеме на саемот во Детроит .Се работи за автомобил со електричен мотор со 114 коњски сили, со кои од 0 до 100 km/h му се потребни 10,8 секунди. Литум-јонската батерија има капацитет од 28.3 kWh.
E-Bugster е 90 мм понизок и 30 мм подолг од стандардната “Буба”, со цел да изгледа поспортски. Веќе препознатливите LED предни светла се задржани и кај E-Bugster Steedster Concept.
E-Bugster ќе биде официјално претставен на саемот во Кина за неколку дена, а производството се најавува веќе на крајот од оваа или почетокот на наредната година.