Да ја запознаеме подобро Италијанската верзија на Dodge Dart – Fiat Viaggio
По само неколку дена откако го претставивме Viaggio, Fiat објави уште неколку фотографии. Да се потсетиме дека Viaggio има неколку естетски промени, како новиот браник со поизразена решетка и поинакви светла како напред така и позади.
Досегашните соопштени информации кажуваат дека Viaggio е долг 4679 мм, широк 1850 мм, а меѓуоскиното растојание изнесува 2708 мм. Најверојатно 1.4 T-Jet моторот со 120 и 150 КС ќе биде задолжен за придвижување на новиот Италијански компактен седан, а секако ќе можеме да ги очекуваме и познатите дизел мотори на Fiat.