Протекоа првите фотографии од Lamborghini Urus! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од Lamborghini Urus!

Вчера најавивме дека Lamborghini ќе претстави SUV во Пекинг – и еве го денес! Ви го претставуваме Laborghini Urus!

Според тоа што можеме да го видиме, Urus ја следи дизајнерската насока која ни е позната од Aventador и Aventador J, но овој пат применета на возило кое е драстично поголемо и со различна намена. Секако, ова нема да биде возило кое има екстремни перформанси надвор од асфалтираните патишта, но сепак е Lamborghini, а тоа значи дека сосема заслужено го привлекува нашето внимание.

Внатрешноста е типично модерна и футуристичка, токму како и што би очекувале од Lamborghini. Интересна изгледа текстурата на некои елементи во внатрешноста, која може да се каже дека изгледа како да е од мермер.

Urus е всушност вид на изумрени говеда, и сосем одговара со популарниот бик кој е на знакот на Lamborghini. Технички информации за Urus немаме, но може да се претпостави дека ќе биде изграден на платформата на која ќе бидат поставени и следниот Porsche Cayenne, Volkswagen Touareg, но и новиот SUV на Bentley.

Штом ќе дојдеме до повеќе информации, ќе ги објавиме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.