Официјално: Mercedes-Benz Citan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Mercedes-Benz Citan

Mercedes го претстави плодот на соработката со Renault, новиот ван Citan. Како што можеме да заклучиме од сликите, тој е Mercedes-ова верзија на Renault Kangoo.

Однадвор овој ван има сличен преден дел како новата A-класа, со уникатно дизајнирани поклопец на моторот, решетка и браник, но промени можат да се забележат и во внатрешноста, која сега има попрактичен ентериер со два високо поставени кружни отвори за воздух на централната конзола.

Ќе биде достапен во три различни должини: Compact со должина од 3.94 метри, Long со 4.32 метри, и Extra-Long со 4.71 метар, a ќе го има во три различни варијанти: товарна, минибус и патничка верзија наречена Mixto.

Гамата на мотори вклучува три турбо дизели со сила од 74 коњски сили до 109 коњски сили, и еден бензински мотор со компресор кој произведува 113 коњски сили. Силата кон предните тркала ќе биде испорачана преку пет или шест-степен менувач во однос на моторот.

BlueEFFICIENCY пакетот вклучува ECO старт/стоп функција, батерија и генератор, плус гуми со низок коефициент на триење кои ќе бидат сериски кај бензинскиот модел, но само како опција кај дизелските варијанти.

Новиот Citan ќе дојде во Европските дилерства до крајот на годинава. Компанијата истакна дека нема планови за да го нуди овој ван во САД.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.