Toyota Yaris Hybrid започна со производство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota Yaris Hybrid започна со производство!

Хибридната верзија на популарниот Јапонец започна да се произведува во Valenciennes, Франција, а ветува ниска цена и потрошувачка од неверојатни 3.1 литар на 100 километри!

Малиот Јапонец веќе се продава на Македонскиот пазар и почнува да станува секојдневна појава на нашите улици, а новата хибридна изведба најавува подобра потрошувачка. Погонот е класична хибридна комбинација – односно мотор со внатрешно согорување и електромотор, кои кога работат заедно испорачуваат 99 коњски сили, а потрошувачката според Toyota ќе изнесува 3.1 литар на 100 изминати километри!

Секако, мораме да ја напоменеме и екстремно ниската емисија на штетни гасови која изнесува само 79 грама CO2 на изминат километар.

Новиот хибриден систем кој се користи во Yaris Hybrid е покомпактна верзија од оној систем кој веќе го знаеме од Prius, а од Тојота изјавуваат дека тој воопшто не го намалува просторот за патниците ниту багажниот простор, кои остануваат исти како и кај обичниот Yaris.

Иако сеуште не ја знаеме цената за Yaris Hybrid во Македонија, знаеме дека во Велика Британија цените започнуваат од 14.995 фунти, односно 18.311 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.