Audi го купи Италијанскиот Ducati – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го купи Италијанскиот Ducati

Германскиот Audi вчера постигна договор за преземање на Италијанскиот производител на мотоцикли Ducati.

Иако во последните месеци имаше доста гласини дека Mercedes ќе го преземе Ducati, тоа сепак не се случи. Во секој случај, новите сопственици на Ducati се на крајот сепак Германци, а од Audi најавуваат дека трансакцијата ќе биде комплетирана што е можно побрзо.

За сега не се знае колку ќе чини преземањето на оваа компанија, али според неофицијални информации бројката изнесува 860 милиони евра. Но исто така, Audi ќе ги преземе долговите кои Ducati ги има а според неофицијални извори изнесуваат околу 200 милиони евра.

Ducati минатата година има продадено околу 42.000 мотоцикли, а има 1.100 вработени.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.