Новиот BMW M5 повторно во улогата на Ring-Taxi! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот BMW M5 повторно во улогата на Ring-Taxi!

Спектакуларниот BMW M5 повторно ја има уникатната и привилегирана улога да биде таканаречено Ring-Taxi на легендарниот Nürburgring!

И минатата генерација BMW M5 ја имаше таа привилегија, и навистина ни причинува задоволство што и новиот M5 ја има таа улога. Колку за потсетување, новиот BMW M5 има 4.4 литарски V8 мотор кој нуди 560 коњски сили и 670 Nm вртежен момент.

Секако, тоа не би значело ништо ако не ги имаме сите бројки во предвид, а и тие се импресивни. M5 забрзува до 100 километри на час за само 4.4 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 255 километри на час. Доколку граничникот го нема, максималната брзина лесно ќе надмине и 300 километри на час! Всушност, веќе знаеме дека BMW M5 лесно ги поминува своите главни ривали кога станува збор за забрзување.

Новиот BMW M5 неофицијално може да го помине Nürburgring за време од 7 минути и 55 секунди. Истото време што му е потребно и на Ferrari 458 Italia. Уживајте во краткото видео, каде што ќе можете да го видите и слушнете М5 во акција!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.