Германскиот тјунер Kicherer очигледно не бил задоволен од изгледот на новиот Mercedes ML, па тие му направија фејслифт со нивниот Impact пакет.
Овој пакет го промени изгледот на автомобилот, давајќи му попривлечен и поспортски изглед. Него го сочинуваат нов преден браник со интегрирани LED светла и мрежеста решетка, плус редизајниран заден браник со дифузер и четири издувни цевки во стилот на ML 63. Најнагласена измена се додатоците на крилата кои се поврзани со новите странични прагови. Се заедно дава изглед на далеку помускулест автомобил, многу понизок од претходно.
Kicherer нуди и спортска суспензија која го спушта за 25 милиметри, а исто така и сет од 22-инчни RS2 бандажи. Ентериерот е збогатен со Nappa кожа и Алкантара, со детали од јаглеродни влакна.