Cam Shaft го претвори Renault Clio 200 RS Cup во тркачко возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cam Shaft го претвори Renault Clio 200 RS Cup во тркачко возило

Германската компанија за обложување со фолија Cam Shaft, направи свое тркачко возило од најспортската верзија на францускиот хечбек.

Од ентериерот се извадени сите пластични делови и извадени се сите компоненти кои се користат за изолација, а потоа му се додадени цел асортиман на тркачки додатоци, почнувајќи од сигурносен кафез и пар Sparco седишта до LCD панел и отстранлив Sparco волан.

Механичките подобрувања се посуптилни и вклучуваат пониска KW суспензија, Brembo кочници, K&N спортски воздушен филтер и Akrapovich Evolution издувен систем, додека автомобилот сега вози на нови лесни OZ бандажи.

Надворешноста е обвиткана со украсна фолија слична на Фиестата на Ken Block, но во портокалова боја, а исто така во задниот дел е додаден и високо поставен спојлер обвиткан во карбон.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.