MINI викендов во Италија го претстави Ray Line стајлинг пакетот кој овозможува да си го персонализирате своето MINI!
Стајлинг пакетот, според MINI е дизајниран за потребите на младите и динамични луѓе кои сакаат да бидат „кул“ кога се во движење. Овој стајлинг пакет е достапен за MINI Cooper, Cabrio и Clubman. Специфичните флуросцентни детали, како и специјалните ознаки го прават овој MINI да биде навистина впечатлив на улиците.