ABT Sportsline продолжува со објавување на засилени модели од VW групацијата, па редот дојде и на Audi A6 Avant.
Пакетот во понудата содржи две надоградби на силата, нова суспензија, бодикит и два различни типови на бандажи.
Благодарение на ABT, сега 3.0 TFSI моторот нуди 420 коњски сили и максимален вртежен момент од 540 Nm, наместо фабричките 300 коњски сили и 440 Nm . Кај 3.0 литарскиот bi-turbo дизел мотор максималната сила оди до 360 коњски сили и 700 Nm, за разлика од претходните 313 коњски сили и 650 Nm.