Официјално: 2012 Mercedes G-Class – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: 2012 Mercedes G-Class

Mercedes официјално го претстави фејслифтот на најдобриот теренец на сите времиња – G-Class!

Mercedes официјално го претстави освежувањето на еден од највлијателните автомобили во автомобилската индустрија – новата G-class! Оваа изведба не носи големи промени во изгледот, но тоа е и целта на Mercedes. Неколкуте промени како што се LED светлата, новите ретровизори и уште некои помали измени јасно го отсликуваат слоганот на G-класата – Forever young! Забележуваме дека поголемите промени се застапени во внатрешноста, која е комплетно редизајнирана.

Што кажуваат бројките? Тука се V6 дизел моторот со 211 КС и 5.5 литарскиот V8 мотор со 388 КС. Во понудата исто така влегува и V8 моторот со 544 КС, како и неизбежната AMG верзија која носи V12 мотор со “само” 612 КС! Импресивно, зар не?

G-Class може да ја очекуваме веќе од септември, а цените почнуваат од 85.000 евра.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.