Новиот луксузен DS9 Concept на Citroën – Мега Галерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот луксузен DS9 Concept на Citroën – Мега Галерија

Излегоа првите официјални фотографии од концептот Citroën DS9, неколку недели пред 2012 Beijing Auto Show. 

Цитроеновата DS линија во иднина ќе биде проширена со неколку нови модели, а меѓу нив е и супер-луксузниот DS9 . DS9 всушност претставува доразвиена верзија на концептот Metropolis прикажан во 2010.

И двата концепти делат ист дизајнерски јазик, иако наместо форма во вид на седан, новиот DS9 носи shooting-break стајлинг како традиција во чест на оргиналниот DS и помодерните CX, XM и C6 модели.

DS9 ќе го придвижуваат 1.6 литарски бензинец и електричен мотор кои произведуваат комбинирана сила од 295 коњски сили и 275 Nm, што му овозможува забрзување од 0 до 100 за 5.4 секунди и максимална брзина од 244 километри на час. Според Citroen, доколку автомобилот се вози само во електричниот мод, тој покажува потрошувачка од неверојатни 1.7 литри на 100 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.