Fiat Групацијата планира да ја претстави својата верзија на Dodge Dart на претстојниот Auto China Show 2012 во Пекинг, кој ќе се одржи подоцна овој месец.
Сликите кои се појавија на Италијанскиот форум Autopareri, ни откриваат мал поглед кон предниот дел, задниот завршеток на Viaggio и неговиот профил.
Дури и само од овие слики може да се заклучи дека ребрендирањето на овој автомобил се состои од нов браник со поизразена решетка и поинаква светлосна група во предниот дел, и нови задни светла со повисок раб на завршетокот од багажникот.
Што се однесува до погонските агрегати, се шпекулира дека Viaggo ќе го покренува 1.4 T-Jet turbo во две верзии: со 120 коњски сили и 210 Nm и со 150 коњски сили и 230 Nm, а како опција ќе биде понуден и шестстепен менувач со дупла спојка.
Овој седан ќе биде произведен во новата фабрика на Fiat и нивниот локален партнер Guangzhou Auto во економската зона на градот Чанша, Кина. Се збори дека Fiat подготвува хечбек верзија на Viaggio која ќе започне со продажба следната година во Кина, а во европа ќе дојде како замена за Fiat Bravo.