Нов ABT тјунинг пакет за Audi Q3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов ABT тјунинг пакет за Audi Q3

ABT го промовира нивниот нов QS3 програм за најмалиот кросовер на Audi, кој е наменет за Европскиот пазар.

Тие нудат надоградби за два модели на Q3, односно се работи за 2.0-литарскиот TDI дизел мотор,  кај кој силата е подигната од 174 на 203 коњски сили и 2.0-литарскиот TFSI бензински мотор кој сега испорачува 267, наместо фабричките 208 коњски сили.

Промените кај подвозјето вклучуваат нови спирали и амортизери, додека Q3 вози на поголеми тркала достапни во големини од 18 до 21-инч обложени во пошироки гуми со високи перформанси.

Надворешноста на овој Германски кросовер е подобрена со бодикит, кој вклучува разни делови како што е уникатна предна решетка и браник, поголеми странични прагови, кровен спојлер и заден браник кој е комбиниран со четири издувни цевки.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.