BMW M6 Convertible – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW M6 Convertible

Сосема очекувано, саемот во Њу Јорк го донесе и новиот модел на BMW, M6 Convertible!

Откако BMW во Женева ја претстави купе верзијата на популарната M6-ка, очекувано, во Њу јорк дебитираше и кабриолет верзијата.

Моторот е “позајмен” од BMW M5, но на полесната каросерија на M6 Convertible е за една десетинка побрз, односно од 0 до 100 km/h му се потребни само 4,3 секунди. Се разбира, сето ова надополнето со големите 20-инчни фелни и боди китот кој е карактерстичен за M серијата на BMW, го прават овој кабриолет неодолив.

Колку ќе чини ова задоволство? Ваше ќе биде за “само” 120.000 евра!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.