ABT Sportsline ни претставува уште еден тјунинг пакет за Volkswagen T5 Multivan кој покрај атрактивниот екстериер доби и засилување на моторите.
Аеро боди китот содржи преден спојлер, маска, прагови, изменет заден браник и заден кровен спојлер. ABT исто така нуди и DR Gun-Metal алуминиумски бандажи од 19-инчи, нов издувен систем со четири издувни цевки, како и кит за засилување на 2.0 TSI и 2.0 TDI моторите.
Со овој пакет 2.0 TSI располага со 240 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, додека 2.0 TDI е засилен од 140 на 170 коњски сили.