Регулаторната комисија за енергетика повторно направи рекалкулација на цените – бензините поскапеа по денар и половина, а дизелот поефтини два денари!
Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика повторно изврши корекции на цените. Според новите цени, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат по денар и половина, а дизелот поефтинува за два денари. Соодветно на тоа, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 89,00 денари, а ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 90,50 денари.
Дизелот ќе се продава по цена од 73,50 денари.
За прв пат во историјата, цената на еден литар бензин ја надминува границата од 90 денари за литар. Повторна рекалкулација на цените ќе има за 14 дена.