Peugeot го објави специјалното лимитирано издание на популарниот француски лав – RCZ
Лимитираната верзија на RCZ доби своја препознатлива кафена боја како и неколку стилски додатоци, како однадвор, така и во внатрешноста.
На прв поглед, веднаш ќе ги забележиме интересните 19-инчни “Magny Cours” бандажи како и измените на предната маска. Внатре преовладува премиум чувството, а затоа е заслужна “Cohiba” кожата. Сепак на моторот не се направени никакви модификации, па така останува на своите 156КС.