Mercedes-Benz на саемот во Њу Јорк ја претстави лимитираната верзија на популарниот SL по повод 45-годишнината на AMG
Претходно ве потсетивме на историјата на SL и на неговите легендарни модели, а сега е време за SL 65 AMG “45th Anniversary”.
Уште веднаш можеме да забележиме неколку измени во изгледот на SL, тука се деталите од карбон, несекојдневната мат сива боја како и големите 20 инчни бандажи. Внатре пак, посветено е многу повеќе внимание, почнувајки од спортскиот волан, кожните седишта, па се до најситните детали.
Моторот на SL 65 AMG “45th “Anniversary” ќе остане оној V12 со 621 КС и 1000 Nm вртежен момент, кој ни е познат од поскапата верзија на SL!