Volkswagen Up е светски автомобил на годината за 2012 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Up е светски автомобил на годината за 2012

Најмалиот автомобил кој го произведува Volkswagen се закити со титулата, а покрај него признанија добија и Porsche 911, Mercedes-Benz S250 CDI BlueEFFICIENCY и Range Rover Evoque!

Малиот Volkswagen Up за кој веќе неколку пати имаме пишувано, а веќе и се продава во Македонија ја освои наградата за Светски Автомобил на Годината за 2012. Судиите изјавија дека Up ги има изменето очекувањата кои луѓето ги имаат за автомобилите од овој сегмент. Ги истакнуваат и доброто управување, суспензијата, ефикасните мотори но и квалитетот на материјалите и изработката. Според нив, досега власниците на возила од овој сегмент не се чувствувале толку богато, и дека очекуваат и другите производители да ги подобрат своите возила за да можат да се натпреваруваат со Volkswagen Up!

Покрај Volkswagen Up, уште неколку автомобили се закитија со награди. Најновата генерација на Porsche 911 со ознаката 991 ја доби наградата за најдобар спортски автомобил, признанието за зелено (односно, еколошки прифатливо) возило му припадна на Mercedes-Benz S250 CDI BlueEFFICIENCY, а наградата за дизајн на годината му припадна на Range Rover Evoque.

Колку за потсетување, наградата за Европски Автомобил на Годината за 2012 ја зема Opel Ampera, а за Американски Hyundai Elantra. Наградата за Автомобил на Годината во Македонија за 2012 сосем заслужено ја однесе Kia Rio.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.