Американскиот Roush во својата понуда има и пакет за модификување на 2013 Ford Mustang, во кој покрај естетските модификации подразбира и засилување на V8 моторот.
Поточно, достапни се три нивоа на тјунинг. Под Stage 1 пакетот се подразбира “R6” аеро бодикитот кој содржи преден спојлер, маска, прагови, заден браник со дифузер и заден спојлер, а тука се и издувните цевки, Roush винили, нови патосници…
Stage 2 покрај се наведено носи и модификувано подвозје, подобрено управување и сет 18-инчни алуминиумски бандажи со Cooper RS3 гуми.
И на крај, Stage 3 кој подразбира засилување на 5,0 литарскиот V8 мотор на 565 коњски сили и 684 Nm вртежен момент. Тоа е постигнато со RS300 компресор и репрограмирана електронска контролна единица.