Неколку дена пред неговата официјална презентација во Њу Јорк, Mercedes-Benz го претстави освежениот Mercedes GL.
Големиот теренец може да се пофали со навистина приметливи измени. Иако е базиран на ML-Класата со продолжено меѓуоскино растојание, сепак сега може да се пофали со поинтересно дизајнирани браници и светлосни групи, како и дискретни – но луксузни – промени во ентериерот.
Сеуште нема официјални информации околу погоните кои ќе го придвижуваат GL, но можеме да претпоставиме дека се веќе познатите бензински и дизел мотори кои се вградуваат во другите модели на Германскиот производител.