BMW вложува многу во својата гама на хибридни возила – денес ја гледаме и кабриолет изведбата на i8 – која се вика едноставно i8 Spyder.
Иако двата модели делат многу компоненти, вклучувајќи го и хибридниот погон, сепак кабриолет верзијата е малку помала – односно со малку пократко меѓуоскино растојание заради тоа што е исклучиво модел со две седишта а не 2+2 како што е купето.
Исто како и купето, и кабриолетот е направен од лесни материјали и легури, а погонскиот систем започнува со 1.5-литарски трицилиндерски турбо мотор кој генерира 220 коњски сили и 300 Nm вртежен момент. Но додека турбо-моторот ги придвижува задните тркала, електромотор со моќност од 130 коњски сили ги придвижува предните. Моторите можат да работат заедно или независно. Ако работат независно, вкупната моќност на i8 е 350 коњски сили и 550 Nm!
BMW најавува дека i8 Spyder забрзува до 100 километри на час за 5 секунди (купето забрзува за 4.6), максималната брзина е ограничена на 250 километри на час, а потрошувачката е само 3 литри на 100 изминати километри!