Ако обичниот Мustang GT не ви е доволно моќен, тука е Shelby кој може да ви понуди Mustang со 950 или 1100 коњски сили!
Инженерите започнале со „обичниот“ Ford Mustang GT500 и му посветиле сериозно многу внимание, а моторот кој има нов компресор, но и нови делови во внатрешноста покрај новиот ауспух, сега испорачува 950 коњски или – или 1100 коњски сили ако се одлучите за верзијата која е за тркачките стази!
Моделите се нарекуваат Shelby 1000 и Shelby 1000 S/C, a своето деби ќе го имаат наскоро на авто-салонот во Њу Јорк, кој треба да започне во Април, но немојте да мислите дека овие ракети ќе бидат ефтини – од Shelby најавуваат дека ќе направат лимитирана серија и од двата модели, и ќе чинат $149.995,00 долари за легалната верзија, и $154.995,00 за тркачката верзија, а во таа цена не е вкалкулирана и цената за GT500 кој ќе морате сами да си го набавите – а со тоа цената расте над $200.000,00!