Освежената верзија на Sorento доаѓа со нови браници, нови бои и нови тркала, и сигурно ќе ја продолжи традицијата на добивање навистина многу за прифатлива цена!
KIA е еден од брендовите кој е навистина во подем. Новите привлечни модели, високиот квалитет на изработка и пристапните цени се мотивација за купувачите да ги посетат нивните салони – а тој тренд продолжува со фејслифтираната верзија на нивниот SUV – KIA Sorento. Освежениот SUV има нови браници и нови бои, како нови тркала, а најлуксузно опремените модели ќе имаат и хромирани завршетоци на ауспусите, големи 18-инчни тркала како и задни светла изведени со LED технологија.
Во Северна Америка Sorento ќе се нуди со 3.5 литарски V6 бензинец со моќност од 276 коњски сили но и со два други бензински мотори со зафатнина од 2.4 литри, и моќност од 175 односно 191 коњски сили. Кај нас се нуди 2.4 литарскиот бензинец со 175 коњски сили, но далеку поинтересен е 2.2 литарскиот турбодизел со 197 коњски сили, кој одлично се покажува во секакви услови. Само да напоменеме дека токму Наумче Мојсовски се вози во Kia Sorento!