И овој Понеделник, согласно методологијата за пресметување на цените на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика објави нови цени на горивата!
Малопродажните цени се зголемуваат за 1.5 денари кај бензините и 0.5 денари кај дизелот. Согласно методологијата за пресметка на цените, горивата поскапуваат во просек за 0.79%. Според новите цени, литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 87.5 денари а литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 89 денари. Дизелот ќе се продава по цена од 75.5 денари за литар.
Следната рекалкулација на цените ќе биде за 14 дена.