Освежен Mercedes GLK! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежен Mercedes GLK!

Освежениот GLK на Mercedes-Benz е подготвен да се бори со конкуренцијата, а неговите атрибути се освежениот дизајн, модерните и чисти мотори и привлечноста на ѕвездата со три краци!

Фејслифтираниот модел ќе може да се пофали со темелно освежени ентериер и екстериер, но и со нов V6 бензински мотор, и за прв пат на Американскиот пазар – и изведба со  дизел мотор. Дизел моторите веќе добро ги познаваме на Европскиот пазар, и можеме да кажеме дека одлично се совпаѓаат со карактерот на возилото.

Но освежените детали од екстериерот му даваат интересен лик на GLK, а за прв пат ќе се нуди и AMG пакет кој ќе нуди дополнителни детали и додатоци кои на GLK му даваат доза на спортска агресивност, а купувачите ќе можат да изберат различни тркала достапни во големини од 17 па до 20 инчи!

Европските купувачи ќе можат да изберат помеѓу четири дизелски агрегати и еден бензински агрегат. Три од четирите дизели се со 2.2 литарски турбодизел агрегат, со моќност од 141 коњска силаа кај GLK 200 CDI, 168 коњски сили кај GLK 220 CDI и 201 коњска слика кај GLK 250 CDI, а достапен е и 3.0 литарскиот V6 со 262 коњски сили, кај изведбата GLK 350 CDI. Единствениот бензински агрегат кој ќе се нуди е GLK 350 BlueEFFICIENCY со 3.5-литарски V6 бензинец кој ќе нуди 302 коњски сили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.