Новата Серија 3 на BMW ја доживеа својата Македонска премиера, и од првиот момент ги привлече очите на Македонската јавност!
Покрај основната изведба на новата Серија 3, достапни се и три дополнителни варијанти, кои се нарекуваат Sport Line, Luxury Line и Modern Line, a тие се разликуваат според опремата и ентериерот, но според BMW, сите тие го нагласуваат спортскиот карактер на возилото.
Нашите први импресии се повеќе од одлични – автомобилот изгледа складно и спортски, а ентериерот во сите изведби е едноставно одличен, а особено ни се допадна ентериерот на спортската варијанта.
Да му посакаме добредојде на новиот Баварец, и да се надеваме дека ќе стане честа глетка на нашите улици!