Името сугерира дека се работи за многу брз Aventador, кој најверојатно нуди околу 900 коњски сили!
Целосното име е DMC Aventador LP900 Molto Veloce, но за да скратиме ќе го нарекуваме само DMC Aventador. Доработките кои DMC ги нуди чинат вкупно околу 125.000 евра, но за тоа ќе добиете навистина многу. Новиот ентериер чини 17.700 евра, а новите тркала изработени од ADV1 почнуваат од 7.800 евра. Целосниот боди-кит кој ќе го смени изгледот на вашето „секојдневно“ Lamborghini чини 19.500 евра (можеле да заокружат на 20.000), а содржи нови предни и задни додатоци за браниците, странични спојлерчиња, голем заден спојлер и дифузер, и уште некои ситници.
Сепак, најголемиот дел од цената оди на преработката на моторот – а тоа ќе ве чини дури 80.000 евра! За тие пари, DMC скоро целосно ќе го преработи моторот и барем според името, ќе добиете 900 коњски сили!