Секогаш сме среќни кога некој Македонски дизајнер ќе направи нешто навистина креативно и интересно – и токму тоа е случајот со Дејан Христов кој замислил како би требало да изгледа новиот Bugatti Galibier!
Според Дејан, дизајнот има неколку иновативни решенија кои се покажани на цртежите – на пример, предните светлосни структури се кријат позади поклопец кога не се во употреба, големите врати кои се како крилја ги прават B-столбовите непотребни, а задниот спојлер истовремено е и поклопец на задното стакло.
Навистина интересна визуелизација на интересно возило. Да се надеваме дека ќе видиме уште повеќе од Дејан!