Иако фејслифтираната верзија на Audi A5 е на пазарот само неколку месеци, веќе се појавија некои тјунинг пакети за моделот. Еден од нив е и пакетот на Senner Tuning!
Германските тјунери му посветија внимание на новиот компресорски V6 мотор, па сега моторот наместо фабричките 328 коњски сили нуди 370, а наместо 440 Nm нуди цели 500 Nm вртежен момент! Заменет е и филтерот за воздух, како и издувниот систем.
И суспензијата е заменета, и сега во автомобилот своето место го најдоа Variant 3 Inox Line амортизери од KW, како и големи 20-инчни тркала од Corniche.
Нам ни се допаѓа поради тоа што нема никакви визуелни измени кои не му се ни потребни на елегантното Германско купе, а зголемената моќност и подобрената управливост е само за поздрав!