Renault Clio RS Red Bull RB7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Clio RS Red Bull RB7

Со цел да го промовира тркачкото педигре на Renault, нивната Renaultsport дивизија го претстави Renaultsport Clio Red Bull RB7!

Механички промени нема, но не би ни очекувале да има, бидејќи ова веќе е еден од најдобрите мали „жешки“ автомобили. Под хаубата се крие веќе добро познатиот 2-литарски бензински агрегат кој испорачува 203 коњски сили и 215 Nm вртежен момент, а Clio RS RB7 забрзува до 100 километри на час за 6.9 секунди и има максимална брзина од 225 километри на час.

Она што е поинтересно се визуелните модификации. Црната боја се вика Profond Black и доаѓа во комбинација во детали обоени жолто, во бојата Sirius Yellow. Тука е и тркачкото знаме на кровот и ситните Red Bull ознаки. Сликата ја дополнуваат големите 18-инчни тркала, Recaro спортските седишта во внатрешноста, уникатната бројка на малата плакета како и R. S. Monitor системот за надгледување на перформансите на возачот.

Renaultsport Clio Red Bull RB7 ќе се продава во само пет земји – и тоа Франција, Шпанија, Швајцарија, Белгија и Австрија, по цена која започнува од 27.900 евра!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.