Уште едно поскапување на горивата во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Уште едно поскапување на горивата во Македонија!

Според одлуката на Регулаторната Комисија за Енергетика, од денес на полноќ ќе важат нови цени за горивата кои се во просек 1.70% повисоки од досегашните!

Согласно методологијата за пресметка на максималните малопродажни цени, малопродажните цени се зголемуваат за 1.70 проценти, односно 2 денари за Еуросупер 95 и 98, и 0.5 денари за Евродизелот. Со новите покачувања, литар Еуросупер 95 ќе се продава по цена 86 денари за литар, а еден литар Еуросупер 98 по цена од 87.5 денари за литар! Дизелот ќе чини 75 денари за литар.

Се надеваме дека наскоро овој тренд на поскапување ќе се промени, бидејќи еден литар Еуросупер сериозно се наближува до 90 денари по литар! Наредната рекалкулација на цените можеме да ја очекуваме за 14 дена.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.