Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse – Без зборови! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse – Без зборови!

Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse ја имаше својата премиера во Женева, и како и секогаш кога зборуваме за Bugatti Veyron, можеме да користиме само суперлативи!

Grand Sport Vitesse е комбинација од моделот со отворен кров – односно моделот Grand Sport и супер-спортскиот модел – Super Sport. Тоа значи дека Grand Sport Vitesse крие 1200 разјарени коњски сили, како и 1500 Nm вртежен момент. Во превод тоа значи дека Grand Sport Vitesse забрзува до 100 километри на час за 2.7 секунди, до 200 километри на час за 7.1 секунда, и ќе забрзува се до 410 километри на час!

Секако, за да ги постигне овие бројки потребна му е помош – а како асистенти тука се јавуваат DSG менувачот со двојна спојка и системот за погон на сите тркала.

Но кога ќе почнеме да зборуваме за загадувањето и потрошувачката на гориво веќе станува смешно. На Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse му се потребни 37.2 литри гориво за да помине 100 километри во градски услови, а при тоа ќе испушти 867 грама CO2 на изминат километар!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.