Малку повеќе за Alfa Romeo Disco Volante! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Малку повеќе за Alfa Romeo Disco Volante!

Концептот Disco Volante на Alfa Romeo ни остави навистина голем впечаток, па решивме да му посветиме уште малку внимание!

Ќе помислите дека Disco Volante е ново име на некој модел на Alfa Romeo, но ќе згрешите. Инспирацијата зад новиот Disco Volante е модел со истото име од далечната 1952-ра година. Всушност, новиот Disco Volante е роденденски подарок од Alfa Romeo за Alfa Romeo по повод 60-годишнината од појавувањето на Disco Volante. Моделот ја имаше својата премиера во Женева, но по максимално позитивните реакции на публиката (и неколку многу богати потенцијални купувачи), изгледа дека ќе оди во лимитирано сериско производство!

Концептот го изработи Touring Superleggera, компанија која е базирана во Милано, а неговото целосно и официјално име е Alfa Romeo Disco Volante 2012 Touring. Под таа прекрасна каросерија се кријат механичките делови од Alfa Romeo 8C Competizione, еден од нашите омилени модели на марката. Моторот е поставен напред-средишно, (односно позади предната оска), има 8 цилиндри, зафатнина од 4.7 литри и нуди 450 коњски сили и 470 Nm вртежен момент!

За изработка на секој примерок на Disco Volante се потребни повеќе од 4000 работни часови, а предвиденото потребно време за изработка на автомобилот е 8 месеци откако примерокот на 8C кој ќе се „преработи“ ќе биде испорачан!

Цена? Не знаеме, ама сигурно не е ниска!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.